Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК