11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бразилскиот суд побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на Болсонаро

Федералниот суд на Бразил побара истрага против тројца конгресмени, сојузници на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, за наводно поттикнување бунт кога приврзаниците на поранешниот претседател упаднаа во претседателската палата, Врховниот суд и во Конгресот во главниот град Бразилија.

Повикот за истрага дојде кога новиот претседател Лула да Силва подготви безбедносни мерки против новите протести.

Полицијата соопшти дека 1.159 лица уапсени за немирите во неделата останале во притвор, а 684 биле ослободени на „хуманитарна основа“ откога биле приведени, вклучително и постари лица, лица со здравствени проблеми и родители со мали деца.

Демонстрантите упаднаа во три водечки државни институции во неделата, незадоволни што веруваат дека нивниот кандидат Болсонаро бил „ограбен“ на изборите во октомври.