6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
fon der lajen
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Фон дер Лаен: Мора да го зајакнеме партнерството со НАТО, безбедноста на Европа е загрозена

По денешното потпишување на заедничката декларација со Европската Унија, НАТО вети дека ќе ја зголеми поддршката за Украина. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека стратешкото партнерство меѓу ЕУ и НАТО „сега е поважно од кога било“, пренесува Си-ен-ен.

„Мораме да продолжиме да го зајакнуваме партнерството меѓу НАТО и Европската Унија и мора дополнително да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина“, рече Столтенберг во Брисел по потпишувањето на третата заедничка декларација ЕУ – НАТО со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Знаеме дека мораме да го зајакнеме ова повеќе од 20-годишно партнерство бидејќи безбедноста на Европа е загрозена. Партнерството ЕУ – НАТО ќе стане уште поважно кога Финска и Шведска ќе станат полноправни членки на НАТО“, изјави Фон дер Лаен за новинарите.

Таа исто така ја истакна важноста да се задржи „притисокот врз Кремљ“ велејќи дека ЕУ набргу ќе воведе санкции за земјите, вклучувајќи ги Белорусија и Иран, кои воено ја поддржуваат руската војна во Украина.

Спонзорирано: