20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дачиќ: За Србија има три црвени линии кога Косово е во прашање

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија е цврсто посветена на зачувување на мирот и стабилноста во Косово и дека сака политички договор за отворените прашања.

„Сметаме дека прашањето за Косово може да се реши само со компромис и многу сме чувствителни дека се пристапува во согласност со политиката на двојни стандарди кога станува збор за територијалниот интегритет. Или територијалниот интегритет е принцип или не е. Не можете да бидете за зачувување на територијалниот интегритет во еден случај, а да го кажете тоа обратно“, рече Дачиќ на заедничката прес-конференција по разговорот со својот унгарски колега Петер Сијарто.

Тој изјави и дека за Србија има три црвени линии кога во прашање е Косово.

„Првата е дека сè што е потпишано мора да се имплементира, второто е дека Србија не може да ја признае независноста на Косово и да се согласи Косово да влезе во ОН, а третата е безбедноста на Србите во Косово“, рече тој.

Зборувајќи за односите меѓу Србија и Унгарија, Дачиќ рече дека тие се на највисоко ниво во последните десет години и дека се засноваат на меѓусебна доверба, соработка, барање заеднички интереси и почитување, вклучително и почитување на правата на националните малцинства – Унгарците во Србија и Србите во Унгарија.

Спонзорирано: