22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров: Преговори не смее да има, да го победиме дувлото на сатанистите во центарот на Киев

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на жителите на Русија им го претстави своето гледиште за војната во Украина и објасни зошто мечот на правдата сега е во рацете на Русија.

„Гледам дека некои се загрижени за странската помош за Украина. Не грижете се! Тоа е шема за перење пари. Западните и украинските власти ќе ги ограбат тие средства. Максимум 15 % од таа поддршка ќе стигне до првите линии. Подобро да се грижите за нешто друго. Борбите сега се водат во Русија. Во областите што сакаа да се приклучат на нашата земја за да се заштитат од сатанистичките постапки на украинските и НАТО-националистите. Затоа не смее да има преговори. Мора да го победиме самото дувло на сатанистите во центарот на Киев! Мора да се бориме за главниот бранител и агитатор на таа гнасна идеологија – Зеленски“, рече Кадиров.

Тој вели „колку и да се трудат, не може да ѝ влијаат на Русија. Повторно пресметаа во едно – ги почитуваме нашите традиција, религија и култура. Невозможно е да се залажуваат верниците со туѓи вредности додека Куранот се пали на западните улици, а на тезгите се продаваат весници со карикатури на пророкот. Ние сме во војна против сатанизмот и сите негови најлоши манифестации“, пренесува руска „Правда“.

Спонзорирано: