20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг повика на претпазливост: Путин не ја смени целта на војната во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за германската новинска агенција ДПА изјави дека Владимир Путин се уште не се откажал од својот план за целосна контрола на Украина и ги предупреди сите дека треба да се подготват за долготрајна војна.

– Нема индикации дека Путин ја променил својата генерална цел на оваа војна, а тоа е да ја контролира Украина. Ова не е готово. Војните се непредвидливи, но мора да се подготвиме за долги патеки и нови руски офанзиви. Не треба да ја потценуваме Русија – изјави Столтенберг.

Шефот на НАТО ги повика сојузниците да продолжат со поддршката за Украина.

– Можеби звучи како парадокс, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир. Знаеме дека повеќето војни завршуваат на преговарачка маса, а веројатно ќе заврши и оваа војна. Сепак, знаеме дека она што може да го постигне Украина во овие преговори, нераскинливо зависи од воената ситуација – изјави генералниот секретар на НАТО.

Конечно, Столтенберг изјави дека Украина мора да остане независна и демократа држава.