4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шојгу: Победата на Русија во Украина е неизбежна како и Нова година

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во новогодишната видео порака рече дека победата на Русија над Украина е неизбежна.

Шојгу, силно критикуван од руските воени поддржувачи за неуспехот на бојното поле за време на 10-месечната кампања, рече дека ситуацијата на фронтот и понатаму е „тешка“ и ги осуди Украина и Западот за обидот да ја задржат Русија.

Шојгу ги пофали, како што наведе, „бесмртните акции, несебичната храброст и херојството“ што ги покажаа руските војници во борбата против, како што рече, „неонацизмот и тероризмот“.

Киев и Западот го отфрлија тврдењето на Русија дека се бори против „нацистите“ во Украина како неоснован изговор за обидот на претседателот Владимир Путин да заземе територија и да го собори Владимир Зеленски во неиспровоцирана агресивна војна.

Москва очекуваше брза победа во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“, но жестокиот отпор на Украина и западното оружје вредно милијарди долари му помогнаа на Киев да го сврти бранот на војната и да започне серија зачудувачки контраофанзиви.

Украина сега врати повеќе од половина од територијата што Русија ја зазеде во првите недели од инвазијата.