6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Се урна дрон, загинаа војници

Тројца руски војници загинаа при соборување на украинско беспилотно летало во близина на воениот аеродром Енгелс во областа Саратов.

Ова утрово го соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Наведено е дека околу 01:35 часот по московско време, украинско беспилотно летало било соборено на мала надморска височина при приближување до воениот аеродром Енгелс.

При падот на остатоците од дронот загинале тројца руски војници, членови на техничкиот персонал, кои биле на аеродромот, соопшти руското Министерство.

Опремата на аеродромот не е оштетена.

Спонзорирано: