17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар во дом за стари лица, 22 мртви во Сибир

Бројот на загинати во пожар во илегален дом за стари лица во рускиот град Кемерово, во регионот на Западен Сибир, се искачи на 22, соопшти Истражниот комитет.

Според претходните извештаи, познато е дека во овој пожар загинале 20 лица, а двајца се хоспитализирани со изгореници.

Прелиминарната причина за пожарот во домот за стари лица во Кемерово е прекршување на правилата за заштита од пожари, соопштија властите од Кемеровскиот регион, наведувајќи дека пожарот настанал од шпорет за греење.

По пожарот обвинителството покрена случај за убиство од небрежност, а гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека по овој пожар ќе бидат проверени сите институции од овој тип, особено приватните.

Ќе ги провериме сите институции од овој тип, особено приватните. Проверките ќе завршат во рок од една недела“, напиша тој на својот канал Телеграм. Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово, а надлежните судски служби потврдиле дека се работи за дивоградба.