14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МЕТЕОCENTARСВЕТИЗБОР

Најмалку 38 лица загинаа во зимската бура во САД и Канада, рекордни врнежи и во Јапонија

Најмалку 38 лица загинаа во силната зимска бура што ги погоди САД и Канада.
Официјални лица објавија дека 34 лица загинале ширум САД, а најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица, јави денеска Би-би-си.

Четири лица загинаа во Канада кога автобус се преврте на заледен пат во близина на градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија.

Невидена зимска бура ја погоди Северна Америка од Канада на север до Рио Гранде на југ. Синоптичарите најавија дека невремето ќе се намали во текот на следните неколку дена, но останува советот да се избегнува патување доколку не е апсолутно неопходно.

Помалку од 200.000 домаќинства останаа без струја во неделата попладне, што е значително пониско од 1,7 милиони што беа без струја во саботата. Илјадници летови беа откажани, спречувајќи многу луѓе да стигнат до своите семејства за Божиќ.

Најмногу жртви на снежното невреме има во Бафало – 12, а загинати има и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо. Температурите во Јужна Флорида паднаа толку ниско што игуаните замрзнаа и паднаа од дрвјата.

Западната американска држава Монтана беше најтешко погодена од студот со температури кои паднаа до -45 степени Целзиусови. Во Канада, провинциите Онтарио и Квебек беа најтешко погодени од невремето.

Во Квебек речиси 120.000 домаќинства останаа без струја во неделата.

Спонзорирано: