25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Медведев: Руското нуклеарно оружје е единствената причина зошто Западот не смее да нападне

Руското нуклеарно оружје и правилата за оружје што ги следи Москва се единствените фактори кои го спречуваат Западот да започне војна против Русија, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Тој во колумна за „Рускa газета“ напиша дека Русија нема да се откаже од конфликтот додека, како што рече, не се отстрани „одвратниот, фашистички режим“ во Киев и не се демилитаризира Украина целосно.

Тој напиша дека единственото нешто што ги спречува непријателите на Москва денес е тоа што тие разбираат дека Русија ќе се води од основите на државната политика за нуклеарно одвраќање и дека доколку се појави вистинска закана, ќе одговори на неа.