19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Америка испраќа оружје во вредност од 1,8 милијарди долари во Украина

Американскиот претседател, Џо Бајден, се очекува да потврди нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,8 милијарди долари за време на вечерашната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа.

Американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека станува збор за „значаен пакет помош“, каде во преден план ќе биде ракетниот систем „Патриот“ наменет за противвоздушна одбрана.

Два вида оружје се клучни во новиот пакет за воена помош на САД. Првиот е „Патриот“. Станува збор за сложен, прецизен и скап систем, кој експертите го опишуваат како „златен стандард“ на противвоздушната одбрана. Користењето на системот Патриот бара значителен број добро обучени војници.

Вториот важен тип на оружје е прецизно водена муниција за украинските борбени авиони.

Украина неодамна доби значителни количини прецизна муниција и проектили од западните земји, пред се муниција за хаубици и ракети за моќни повеќецевни ракетни фрлачи HIMARS.