23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Црна Гора: 37,2 отсто од граѓаните се изјасниле како Срби, 48,6 отсто дека зборуваат српски јазик

Во Црна Гора, доколку сега се спроведе попис, 37,2 отсто од анкетираните граѓани би рекле дека се Срби, а 48,6 отсто дека зборуваат српски јазик.

Би биле 48,3 Црногорци, а 36,1 отсто од граѓаните би рекле дека зборуваат црногорски јазик, покажува најновото истражување на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), кое денеска беше претставено за подгоричките медиуми, а пренесе „Б92“.

Според истите податоци, би имало 8,3 отсто Бошњаци, 4,5 отсто Албанци и 3,9 отсто муслимани.