5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Ердоган: Од нас не може да се очекува да молчиме додека расте терористичката закана долж нашата граница

Не може да се очекува Турција да молчи пред се поголемата терористичка закана долж нејзината јужна граница, изјави во вторник турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган разговараше со новинарите во главниот град Анкара пред да отпатува за Туркменистан на првиот трилатерален самит Турција-Азербејџан-Туркменистан.

– Не е можно да се очекува Турција да молчи за терористичките напади започнати од северна Сирија – рече Ердоган без да го прецизира датумот на можна копнена операција преку границата во северна Сирија за да се елиминира терористичката закана и додаде:

– Турција никогаш нема да се согласи на компромис во врска со терористичките напади.

Тој додаде дека побарал од рускиот претседател Владимир Путин да преземе чекори во таа насока.

„За жал, се соочуваме со закана од терористи и таа нагло се зголеми во последно време“, додаде Ердоган.

За потсетување, турскиот претседател треба да присуствува на првиот самит на лидерите на Турција, Азербејџан и Туркменистан во градот Аваза на западот на Туркменистан.

Спонзорирано: