24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Се урна италијански воен авион

Воен авион на италијанското воено воздухопловство се урна, најверојатно на Сицилија, потврди војската.

Авионот не се вратил од тренинг мисија во попладневните часови. Се верува дека местото на несреќата е на околу 10 километри југоисточно од базата кај Трапани во западна Сицилија.

Во потрага по пилотот беше испратен хеликоптер, соопштија од воздухопловните сили.

Причината за несреќата се уште не е позната.

Спонзорирано: