Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег вее на овие патни правци: Внимателно возење

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Крива Паланкa, кој не се задржува на коловозот.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради сообраќајна незгода, магистралниот пат Струмица -Радовиш пат е во прекин и се пренасочува по регионален пат.

ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +