12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Годинава се убиени 40 отсто повеќе новинари отколку во 2021 година

Бројот на новинари и медиумски работници убиени за време на должноста во 2022 година се зголеми за повеќе од 40 отсто во споредба со минатата година, покажа новиот извештај објавен во петокот.

Меѓународната федерација на новинари вели дека 67 медиумски професионалци се убиени на работното место во целни напади оваа година, од 47 една година порано, што е пресврт од падот во последните години.

„Зголемувањето на бројот на убиства на новинари и други медиумски работници е сериозна причина за загриженост и уште еден повик за будење за владите ширум светот да преземат мерки за одбрана на новинарството, еден од клучните столбови на демократијата“,се вели во соопштението на Ентони Беланџер.

За зголемувањето на убиствата најмногу придонеле војната во Украина, граѓанските немири на Хаити, како и активностите на криминалните организации во Мексико, истакнуваат од организацијата со седиште во Брисел, која претставува околу 600.000 новинари од 146 земји.

Најсмртоносна земја за медиумскиот персонал беше Украина, со 12 пријавени смртни случаи, додека Северна и Јужна Америка беа најсмртоносните региони, со 29 смртни случаи.

Извештајот, објавен во пресрет на Денот на човековите права, укажува и на зголемување на политичката репресија и евидентира дека најмалку 375 новинари се затворени поради извршување на својата работа, што е за 10 повеќе од минатата година.

Повеќето од нив се во Кина, Мјанмар, Турција, Иран и Белорусија,пренесе Индекс.хр.

Спонзорирано: