17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Секој што ќе ја снабдува Украина со оружје ќе се соочи со правни последици

Земјите кои доставуваат оружје за Киев и им помагаат на украинските вооружени сили ќе се соочат со конкретни правни последици, изјави за време на седницата на Советот за безбедност, постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН Василиј Небензја.

„Совесно ги регистрираме сите такви криминални дејствија на САД и нивните сојузници и тие ќе се соочат со конкретни правни последици за тоа што го прават“, рече Небензја.

Рускиот претставник во ОН рече и дека Москва ги следи и уништува таквите воени пратки.

„Бидејќи количината на оружје во западните магацини е намалена, Вашингтон и неговите сојузници неодамна се обидуваат активно да соработуваат со трети земји, купувајќи оружје и воена опрема од нив и испраќајќи ги во Украина“, рече рускиот дипломат и потсети дека имал неодамна ги призна своите наводи и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Небензја истакна дека украинските вооружени сили се обидуваат буквално да го уништат Доњецк со западно оружје.

„Во текот на цела минатата недела во Доњецк се случуваше вистински масакр со западно оружје. Со поддршка на западните земји, украинските сили се обидуваат буквално да го израмнат градот (Доњецк)“, рече Небензја.

Седницата на Советот за безбедност на ОН се одржа на барање на Русија со цел да се разговара за испорака на западно оружје во Украина.

Спонзорирано: