12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Стано: ЕУ е загрижена за ситуацијата на Косово

Европската Унија е загрижена за ситуацијата на северот на Косово и внимателно го следи развојот на теренот, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, нагласувајќи дека ЕУ повикува на одговорност и релаксирање на тензиите.

Добивај вести на вибер
„ЕУ и земјите-членки многу внимателно ја следат ситуацијата во Косово и се загрижени за безбедносната ситуација, особено на северот. ЕУ го осудува насилството и насилните напади и повикува на деескалација и одговорност во корист на локалното население. ЕУЛЕКС и КФОР се присутни на терен и патролираат“, рече Стано.

„Фокусот сега треба да биде ставен на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Ова е клучно за европскиот пат на двете земји, но и за смирување на ситуацијата. ЕУ и нејзините земји-членки постојано повикуваат на смирување, од неодамна на самитот во Тирана“, рече Стано.

На новинарско прашање дали ЕУ размислува да воведе „црна листа“ за некои лица кои се осомничени за криминални активности, како што тоа го прават САД и Велика Британија, Стано одговори дека ЕУ нема „црна листа“, туку санкции.

„ЕУ нема „црна листа“, само санкции, а тоа е во рацете на земјите членки и никогаш не се разговара јавно. Што се однесува до можните предлози, дискусии, сугестии на таа тема, можам само да кажам дека земјите членки внимателно ја следат состојбата на терен и многу добро знаат кој што прави, па ако има консензус, тогаш треба да се направи нешто против некои личности. Земјите членки разговараат и одлучуваат за ова, потенцира Стано.

Спонзорирано: