10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Ќе го избришеме од лицето на земјата секој што ќе не нападне со нуклеарно оружје

Секоја земја што ќе ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде избришана од лицето на земјата, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Скајњуз.

Тој тврди дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен напад, додавајќи дека напредното руско хиперсонично оружје ќе обезбеди „насилен одговор“ доколку земјата биде нападната.

Путин ова го изјави на прес-конференција во Бишкек, Киргистан.

Тој рече и дека „нема потреба“ од втор бран на мобилизација за војната во Украина.

Путин наведува дека 150.000 неодамна мобилизирани резервисти се уште не се испратени на фронтот.

Медиумот потсетува дека Путин пред неколку месеци нареди мобилизација на 300.000 Руси за војната во Украина.