10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Спасовски од Брисел: Должни сме да ги јакнеме институциите за уште поголема ефикасност во борбата против корупцијата

По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, денеска од пред зградата на Европската Комисија упатувам силна и јасна порака дека мораме да се избориме со најголемото зло на денешницата, а тоа е корупцијата.

Токму на таа тема беа и разговорите што денеска ги водевме со Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон – за предизвиците со кои се соочуваме, за јакнењето на нашите капацитети, пред сѐ, за борбата против криминалот и корупцијата, борбата против тероризмот и илегалната миграција.

Пристапните преговори за членство во ЕУ ќе нè насочат уште побрзо да ги јакнеме нашите институции, посебно во делот на борбата против корупцијата. Таа борба нема да биде ни брза, ниту лесна, меѓутоа мора да продолжиме со посветеност и со цврста политичка волја, заради тоа што тоа си го должиме пред сѐ на нас самите и на нашите идни генерации.

Должни сме да ги јакнеме институциите, да имаме брз и ефикасен одговор, за да покажеме и ефикасност во борбата против корупцијата. Затоа што, ова денешно раководство, оваа денешна генерација, ја има пред себе и оваа борба и мора да покаже дека може ефикасно да се справи со корупцијата, да вложува и да ги демократизира институциите на системот и да подобри дел од општественото живеење во Република Северна Македонија.