10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото ДСНС Украина/Харков
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Жестоки руски напади врз Украина по ограничувањето на цената на нафтата

Русија, на која Западот и воведе ограничување на цената на нафтата од 60 долари за барел на предлог на групата Г7, во новиот бран ракетни напади уништија куќи на југ и предизвикаа прекин на електричната енергија на северот на земјата, соопштија украинските власти. објави.

Во Украина беа објавени предупредувања за воздушен напад, а на цивилите им беше кажано да бараат безбедност во засолништата. Според првичните информации, две лица загинаа во областа Запорожје, а неколку куќи се уништени, изјави заменик-шефот на претседателскиот кабинет Кирило Тимошенко. Во предградијата на градот Запорожје беа погодени згради, а соборени се и некои руски проектили, изјави градски претставник.

Гувернерот на Киев им порача на жителите да останат во засолништа, додавајќи дека украинската воздушна одбрана работи. Во ракетниот напад е оштетена енергетската инфраструктура, а северната област Шуми остана без електрична енергија.

Денеска стапи на сила лимитот на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат до 60 долари за барел. Ограничувањето на цените, замисла на Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта за да ја казни за инвазијата, истовремено спречувајќи го скокот на глобалните цени на нафтата откако ембаргото на ЕУ за руската сурова нафта стапи на сила на 5 декември.

Механизмот предвидува ограничување од 60 долари за барел нафта што се продава на трети земји, заедно со ембаргото на ЕУ. Русија е втор најголем извозник на сурова нафта. Москва вели дека нема да се согласи со таа мерка, дури и ако тоа значи запирање на производството.

Во саботата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство поради ограничувањето на цената на 60 долари, велејќи дека тоа е несериозно и тешко дека ќе ја одврати Русија од војната во Украина.

– Ваквото ограничување тешко би можеле да го наречете сериозна одлука. Сосема е удобно за буџетот на терористичката држава – рече Зеленски. Тој се пожали дека светот покажал слабост поставувајќи ја границата на 60 долари, што според него ќе го зголеми буџетот на Русија за 100 милијарди долари годишно.

Спонзорирано: