12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

И по Тито – Тито: Оваа фотографија го “сруши” интернетот (ФОТО)

Фотографиите од минатото се важен доказ, а воедно и спомен на други времиња и луѓето кои живееле таму. Денешната технологија ни овозможува да оживееме многу црно-бели фотографии, што е случај и со Јосип Броз Тито.

Инстаграм страницата Историја во боја, која ја следат над милион луѓе, на својот профил споделува фотографии од минатото во боја.

Како што се наближува крајот на годината, тие почнаа да ја споделуваат листата на објави кои собраа најмногу лајкови во текот на 2022 година, а тука беше и онаа на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, во која позираше со наочари.

Иако Тито изгледа како манекен, тоа не одговара на околностите во кои се наоѓал на фотографијата. На страницата се наведува дека фотографијата на претседателот, кој некогаш владеел со земјата од 1953 до 1980 година, е направена во 1928 година, кога бил уапсен поради комунистички активности.

Тој тогаш имаше 36 години
Сепак, изгледот на југословенскиот претседател ја воодушеви странската јавност, а некои забележаа дека неговиот стил наликува на ликовите од серијата „Пиаки Блајндерс“, па дури и предложија кој идеално би му одговарал да го игра во филмот.

Мислам дека неговиот лик одлично би одговарал на Џони Деп“, заклучил некој во коментарите.

Обоениот приказ на Тито го потпишува дигиталниот експерт Јулиус Бекман Јаскелаинен, а на почетокот на оваа година собра 27,9 илјади лајкови на споменатата страница, со што стана 12-та најпопуларна објава во годината.

Спонзорирано: