8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Марија Захарова реагираше на изјавите на Нуланд „САД и НАТО уништија енергетски мрежи, ја нападнаа Србија“

Висок американски дипломат вчера изјави дека Владимир Путин не е искрен за мировните преговори со Украина и дека војната ја носи на ново ниво на варварство обидувајќи се да ги исклучи светлата на цивилите.

Американскиот потсекретар за политички прашања Викторија Нуланд се сретна со претседателот Володимир Зеленски и други високи украински претставници во Киев.

-Дипломатијата очигледно е цел на сите, но мора да имате подготвен партнер. И многу е јасно, без разлика дали се работи за напади врз енергетската инфраструктура, дали се работи за реторика од Кремљ и општиот став, дека Путин не е искрен или подготвен за тоа – рече таа.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека е подготвен да разговара со Путин доколку рускиот лидер е заинтересиран да стави крај на војната.

– Сепак, идејата беше брзо отфрлена кога Кремљ рече дека Западот мора да ја признае анексијата на Москва на четири украински региони. Таквата реакција од Русија – рече Нуланд, покажа „колку се несериозни“.

Русија ја напаѓа електричната и топлинската инфраструктура на Украина од октомври, во, како што велат Киев и нејзините сојузници, намерна кампања против цивилите, воено злосторство.

„Путин ја однесе оваа војна на ново ниво на варварство, внесувајќи ја во секој дом на Украина додека се обидува да ги исклучи светлата и водата и да го постигне она што не можеше да го направи на бојното поле“, рече Нуланд.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова брзо реагираше.

– Не е до Нуланд да му дава лекции на светот – САД и НАТО ги уништија енергетските мрежи, рече Захарова на каналот Телеграм, потсетувајќи на нападите врз Србија во 1999 година.

За време на нападот, според НАТО, борбените авиони ја исклучиле електричната енергија на повеќе од 70 отсто од областа во Србија. Нуланд се сретна и со Андриј Јермак, началникот на кабинетот на Зеленски, кој изрази благодарност за помошта вредна милијарди долари од Вашингтон за Украина.

– Победата на Украина, во која сме сигурни, ќе биде наша заедничка победа – ја цитираат неговата изјава од кабинетот на Зеленски.

Спонзорирано: