10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Драма на небото: Поради можна бомба принудно слета авион на Иси џет во Прага

Авион на easyJet кој летал од Краков, Полска за Велика Британија, безбедно слетал откако бил пренасочен кон Прага.

Авионот бил пренасочен поради извештаи за „можна бомба“ во авионот.

Според чешкиот аеродром, авионот Ербас А320 полетал од Краков, Полска за Бристол во неделата, кога бил пренасочен кон главниот град на Чешка каде безбедно слетал синоќа во 22:50 часот, објави Гардијан.

„Чешката полиција ги спроведе сите неопходни дејствија за да ја обезбеди безбедноста на патниците и целиот воздушен сообраќај“, се вели на Твитер профилот на чешкиот аеродром.

Аеродромот во Прага подоцна објави дека во авионот не е пронајден опасен предмет.

Спонзорирано: