Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Хрватска, дојави за бомби во владата и судовите

Врховниот суд во Хрватска утринава добил е-пошта со закана дека има бомба во просториите на судот.

Веднаш била повикана полиција за увид.

Според хрватските медиуми, во тек е евакуација на зградата во која се наоѓаат сплитските судови, потврдил портпаролот на Сплитскиот Жупаниски суд, Динко Мешин.

Заканувачката порака не е-пошта покрај сите судови го добиле и повеќето државни институции, а прва на листата на информирани за заканувачката бомба била Владата на Хрватска.

Спонзорирано: