Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Хаосот во Скопје се случува поради неспособноста и бизнис интересите на Мицокски

„Хаосот што во овој период му се случува на градот Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје, кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни одбори и надзорни одбори на јавните претпријатија во градот Скопје, вклучително и во ЈСП“ изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека и градоначалничката Данела Арсовска беше поддржана и предложена од ВМРО-ДПМНЕ, дека целата кампања ја водеше ВМРО-ДПМНЕ и дека прославата за победата се славеше токму во штабот на опозициската партија.

„Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше пречекана со трубачи, со песната ‘Бела Чао’, таа беше облечена во бел капут, цело ВМРО со зурли и тапани стоеше пред зградата и ја пречекаа свечено, на бината во прес центарот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата во ново блузонче со патент, заедно со цело раководство ја пречекаа и кажаа дека го освоиле Скопје“ рече Ковачевски.

Премиерот порача дека, сепак, тие кои победиле во Град Скопје ништо не работат бидејќи прва одлука на Владата по неговиот избор беше токму преземањето на ингеренциите и решавање на парното во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА СО РАСПРАВАТА ЗА РЕБАЛАНСОТ – Буџетот за 2026 повторно пред пратениците

ДЕСК

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Од денеска ограничувања кај Пресека и Песочан

ДЕСК

ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА НОВ ШЕФ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Пет кандидати во трка, гласаат 187 обвинители

ДЕСК