Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветВо тренд...

Столтенберг: НАТО нема да ја повлече помошта за Украина

НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина и да помага сè додека тоа е неопходно и нема да отстапи од тоа, изјави денеска генералниот секретар на западната воена алијанса, Јенс Столтенберг.

Столтенберг, говорејќи за претстојната конференција на дипломатите на НАТО следната недела во Букурешт, најави дека главна тема и понатаму ќе биде руската агресија врз Украина.

„Ќе се осврнеме на нелегалната војна на Русија во Украина, која продолжува да ги загрозува евро-атлантскиот мир и безбедност. „Претседателот Владимир Путин доживува неуспех во Украина и тој одговара сè побрутално“, рече Столтенберг, пренесе „Танјуг“.