3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

„Форбс Украина“: Русија потроши четвртина од својот буџет за војна

Русија од 24 февруари потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет за војната во Украина, проценува „Форбс Украина“.

Буџетските приходи на Русија во 2021 година изнесуваат 340 милијарди долари, што значи дека Руската Федерација веќе потрошила четвртина од минатогодишните приходи за воени операции, пишува „Гардијан“.

Оваа проценка ги вклучува директните трошоци кои се неопходни за поддршка на воените операции, но не ги вклучува редовните трошоци за одбрана или потенцијалните загуби што Русија ги претрпе поради намалениот извоз на нафта и гас во европските земји, бидејќи приходите од федералниот буџет од извозот на енергија се намалуваат.