5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Кина пак на почеток: Се зголемува бројот на заразени со корона, Пекинг ги затвори музеите и трговските центри

Кина се бори со зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, што ја зголемува загриженоста за националната економија, поради што во Пекинг од денеска се затворени парковите, трговските центри и музеите, а масовното тестирање за Kовид-19 продолжи во неколку градови.

Вчера, Кина пријави 28.127 нови локални случаи на коронавирус на национално ниво и со оваа бројка се приближи до највисокиот дневен биланс на нови инфекции регистрирани во април.

Потврдените случаи во јужниот кинески град Гуангжу и југозападниот регион Чонгкинг сочинуваат околу половина од вкупниот број, јавува „Ројтерс“.

Во главниот град Пекинг, бројот на заболени секојдневно достигнува нови највисоки нивоа, поради што градските власти апелираа до граѓаните да останат во своите домови.

За првпат од мај, имаше два смртни случаи кои здравствените власти му ги препишаа на Ковид-19 и три потврдија во текот на викендот.

Спонзорирано: