Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Италијанец со својот автомобил влечел старица осум километри

Полицијата во регионот Марке му влегла во трага на возачот на автомобилот кој во саботата во сообраќајна несреќа влечел 81-годишна жена осум километри се до крајбрежниот град Сенигалија, каде што покрај патот било пронајдено нејзиното осакатено тело.

Старицата од градот Марзока, која го шетала своето куче, прво била удрена од комбе, чиј возач застанал да ` помогне.

Но во тој момент таа била „закачена“ и влечена од друго возило.

Агенцијата Анса пишува дека врнел силен дожд, а видливоста била исклучително слаба.

Обвинителите во Анкона отворија истрага за убиство со возило.