Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Моравиецки: Ако Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири во Полска, Путин нема да запре

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека падот на проектилот во селото Пжеводов докажува дека, доколку Украина не добие поголема поддршка, војната ќе се прошири на територијата на Полска, пишува Украинска правда.

Моравиецки ја потсети јавноста дека инцидентот во полското село не е прва критична ситуација, па го наведе примерот со имигрантите кои минатата година се обиделе да ја преминат границата меѓу Полска и Белорусија.

Тој додаде дека „денес има само еден начин Полска да влезе во војната, односно да и сврти грб на Украина“. Тој вели дека во тој случај порано или подоцна Украина ќе стане критично зависна од Русија.

– Ако Украина не е независна, нема да мораме да правиме ништо за да предизвикаме војна, бидејќи таа ќе ни дојде сама по себе. Путин нема да застане, Кремљ ќе оди понатаму. Пасивноста за нас би значело самоубиство – изјави Моравијецки.

Полскиот премиер истакна дека неговата земја е подготвена за инциденти како минатиот и дека има одговори за различните можности за хибридна војна што Русија може да ја води против Полска, пишува Украинска правда.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе