20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нови 189 случаи на коронавирус, починаа три лица за една седмица

Тестирани се вкупно 3.080 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 5,2% во однос на минатата недела (n=3.248).

Регистрирани сe 189 нови позитивни случаи од 16 градови во државата, со намалување од 3,6% во однос на минатата недела (n=196). Процентот на позитивност се движи од 0,9% до 9,6%, просечно 5,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=131; 66,1%). Највисока инциденца е регистрирана во Охрид (21,8/100.000) и Скопје (21,6/100.000). (Табела 2, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=79; 41,8%). Намалување се забележува кај возрасните групи од 0-9, 50-59 и 60+ години во однос на претходната недела.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 194 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, 7,6% помалку во споредба со минатата недела (n=210).

Во текот на минатата недела пријавени се 50 реинфекции, идентично во однос на претходната
недела (n=50).

Пријавени се 3 починати лица со датум на смрт во текот на изминатата недела (7-13.11.2022).

Се работи за две лица од Скопје, Битола и Неготино, на возраст над 60 години, со коморбидитети и починати во болнички услови.