6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Западот се обидува да ја политизира декларацијата на Г20

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека западните земји се обидуваат да ја политизираат заедничката декларација на самитот на Групата 20 најголеми економии во светот (Г20).

Во нацртот на завршната декларација од самитот на лидерите на Г20, кој почна денеска, се наведува дека мнозинството членови најостро ја осудуваат војната во Украина и нагласуваат дека таа ја влошува нестабилноста во глобалната економија, пренесе „Ројтерс“, истакнувајќи дека тој имаше увид во предлогот на овој документ.

Лавров на новинарите во Бали, каде што ја предводи руската делегација на самитот на Г20, изјави дека работата на финалниот документ е при крај и дека западните земји се обидуваат на секој начин да ја политизираат декларацијата, така што таа подразбира осуда на руската акција во име на целата Г20, односно самата Москва, пренесува „РИА новости“.

Тој додаде дека Русија инсистирала во завршната декларација да се наведе дека ставовите на членките на Г20 за прашањето за Украина се разликуваат.

Шефот на руската дипломатија објави и дека денеска разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц за конфликтот во Украина и дека им го привлекол вниманието на тоа дека Киев го одложува секое можно решение.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во видеообраќање ги повика учесниците на самитот Г20, вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг, да ја усвојат украинската мировна формула од 10 точки и да ја завршат војната „праведно и врз основа на Повелбата на ОН и меѓународното право“.

Во своето денешно обраќање пред новинарите рускиот министер нагласи дека Украина одбива да разговара со Москва и предлага нереални услови за мир.

Лавров рече дека Зеленски „не ги слуша западните совети за преговорите со Русија“ и дека неговата реторика при обраќањето до лидерите на Г20 е „русофобична и агресивна“ истакнувајќи дека Москва не се откажува од преговорите со Киев, пренесува „РИА новости“.

Спонзорирано: