19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

„Политико“: Стејт департментот го подготвува теренот за можни преговори меѓу Русија и Украина

Стејт департментот во моментот го подготвува теренот за можни идни преговори меѓу Русија и Украина, пишува „Политико“.

Сепак, во администрацијата на Вашингтон има несогласувања за потребата од преземање такви чекори, пишува понатаму „Политико“ повикувајќи се на неколку претставници на американската администрација.

Според нивните податоци, несогласувања на оваа тема се појавија во Вашингтон минатата недела кога претседателот на Здружениот генералштаб на американската армија, генерал Марк Мили, во говор на настан во Економскиот клуб во Њујорк посочи дека недвосмислено малку е веројатно дека ќе има воени победи во конфликтот во Украина и страните треба да се свртат кон други средства. Според генералот, претстојната зима ги открива можностите за почеток на преговорите меѓу Украина и Русија.

Како што пишува „Политико“, такво мислење имаат многумина во Пентагон. Високи претставници на американското Министерство за одбрана сметаат дека на Киев нема да му биде лесно да ја дислоцира руската армија од тие територии што Киев сака да ги окупира.

„Зошто сега не почнат да размислуваат за мировни договори?“, рече еден функционер, кој верува дека ситуацијата во регионот Херсон е пример за тоа какви жестоки борби и загуба на луѓе може да ги чека.

Друг соговорник рече дека Стејт департментот во меѓувреме подготвува терен за можни мировни преговори меѓу Украина и Русија. Според весникот, американската администрација нагласува дека Вашингтон ќе спроведува такви консултации само заеднички и во тесна координација со Киев.

Друг претставник на администрацијата најави дека не биле преземени конкретни дипломатски чекори од американската страна.

„Нема планирани места за преговори, документи и стратегии за преговори“, рече тој демантирајќи информации за конкретни напори за подготовка на дијалогот.

Советот за национална безбедност (НСБ) на Белата куќа поактивно од другите се противи на почетокот на преговорите. Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан рече дека не мисли оти тоа е добра идеја.

Спонзорирано: