3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД набргу со нови санкции против Русија

Американскиот министер за финансии, Џенет Јелен, денеска објави дека Соединетите Американски Држави ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании што работат на набавка на воени технологии што се користат за руските воени дејства во Украина.

На маргините на самитот на Г20 на Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска,.

„Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и преку санкции и извозни контроли да ѝ се скрати на Москва потребната опрема“, рече Јелен одбивајќи да даде детали за тоа кои технологии ќе бидат насочени кон новите санкции

Спонзорирано: