17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција не прифаќа сочувство од САД во врска со нападот во Истанбул

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека земјата не ја прифаќа пораката на сочувство на САД во врска со терористичкиот напад во Истанбул.

Портпаролката на Белата куќа, Кетрин Жан-Пјер, во писмена изјава напиша дека САД најостро го осудуваат „актот на насилство што се случи во Истанбул“.

Шест лица загинаа, а 81 се повредени во експлозија на улицата Истиклал за која властите велат дека ја извршил сирискиот разгранок на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористичка организација.

Уапсената осомничена признала дека наредбата за нападот ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане, Сирија, соопштија турските власти.

Во изјава за новинарите на местото на експлозијата министерот за внатрешни работи рече дека лицето одговорно за нападот ќе побегнело во Грција доколку не бил фатено.

Тој рече дека е уапсен и оној што го планирал нападот, пренесуваат медиумите.