9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски го посети ослободениот Херсон: Подготвени сме за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети Херсон, неколку дена по повлекувањето на руските трупи од тој град во јужна Украина по неколкумесечна окупација, пренесува „Џерусалим пост“.

„Одиме напред“, им рече Зеленски на војниците, додавајќи: „Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“.

Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за поддршката во војната против Русија.

На главниот плоштад се собраа и родители со деца, некои туркаа колички за бебиња.

„Навистина сум среќен, може да се види од реакцијата на луѓето, нивната реакција не е исценирана“, рече тој.

Неколку минути пред да пристигне, луѓето во центарот на Херсон можеа да слушнат гранатирање во близина.
Откако Зеленски го заврши својот говор, низ градот одекнаа уште неколку експлозии од артилериски оган.