21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

СЗО: Стапката на смртност од КОВИД-19 е околу 90 проценти помала отколку во февруари

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека стапката на смртност поврзана со Ковид-19 е намалена за 90 отсто во споредба со февруари.

Гебрејесус одржа онлајн состанок во седиштето на СЗО во врска со пандемијата COVID-19.

Тој потсети дека во светот во февруари се регистрирани 75.000 смртни случаи поврзани со корона, а оваа бројка минатата недела била за 90 отсто помала и изнесувала 9.400.

„Поминавме долг пат и ова секако е причина за оптимизам. Но, ги повикуваме сите влади, заедници и поединци да бидат внимателни“, рече Гебрејесус.

Директорот на СЗО рече дека и покрај тоа што COVID-19 може да се спречи и има терапија, сепак тоа е многу висока бројка од просечни 10.000 смртни случаи неделно.

Тој додаде дека се уште има многу висока разлика во процентот на вакцинирани луѓе во развиените и неразвиените земји и предупреди дека новите варијанти на ковид-19 продолжуваат брзо да се шират, поради што е потребна претпазливост.

Спонзорирано: