10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТТОП ВЕСТИ

Светска здравствена организација: Топлотните бранови предизвикуваат 15.000 смртни случаи во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека топлотните бранови во текот на летото во Европа предизвикале најмалку 15.000 смртни случаи.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге објави статистички податоци за топлотните бранови во Европа.

– Според податоците што ги споделија европските земји, најмалку 15.000 луѓе загинаа поради жештините во 2022 година – рече Клуге.

Тој посочи дека топлотните бранови предизвикале околу 4.000 смртни случаи само во Шпанија.

Клуге рече дека околу 1.000 луѓе починале од истата причина во Португалија, 3.200 луѓе во Велика Британија и 4.500 луѓе во Германија.

Тој предупреди дека топлотните бранови и екстремните горештини ќе доведат до уште повеќе смртни случаи во наредните години доколку не се преземат неопходните мерки.

Спонзорирано: