10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Северна Кореја: Не ѝ доставуваме оружје на Русија, тоа се шпекулации

Северна Кореја денеска објави дека никогаш не правела бизнис со Русија во врска со оружјето и нема такви планови, откако САД тврдеа дека Пјонгјанг ја снабдува Москва со артилериски гранати за војната во Украина.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, претходно изјави дека артилериската муниција од Северна Кореја доаѓа во Русија како тајна пратка за Блискиот Исток или Африка и дека тоа е „значителен број артилериски гранати“.

Официјален претставник на севернокорејското Министерство за одбрана ги нарече обвинувањата шпекулации и рече дека Пјонгјанг „никогаш немал трговија со оружје со Русија“ и дека „не планира тоа да го прави во иднина“, објави КЦНА.

Во соопштението се наведува дека Пјонгјанг ваквите „шпекулации“ ги гледа како дел од „непријателскиот обид на САД да го наруши имиџот на Северна Кореја на меѓународната сцена“.

Секоја помош во оружје дополнително ќе ги продлабочи односите меѓу Пјонгјанг и Москва, чија изолација расте поради војната во Украина, а Северна Кореја е една од ретките земји што ја признаа независноста на отцепените украински региони и изрази поддршка за нивната анексија кон Русија..

Спонзорирано: