17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа: Изјавата на Евгениј Пригожин не нè изненадува

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска изјави дека Белата куќа не е изненадена од изјавата на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, кој рече дека се мешал во изборите во САД и ќе продолжи да се меша.

„Тие коментари… не ни кажуваат ништо ново или изненадувачки“, им рече Жан-Пјер на новинарите.

Се мешав и ќе се мешам во американските избори, изјави рускиот олигарх Пригожин во пресрет на денешните избори за американскиот Конгрес.

Спонзорирано: