16.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Шпанија запленети 32 тони марихуана во вредност од најмалку 64 милиони евра

Шпанската полиција соопшти дека запленила рекордни 32 тони марихуана во вредност од најмалку 64 милиони евра.

Тоа е, како што соопшти полицијата, најголемата заплена на марихуана досега, не само во Шпанија, туку и во светот.

Полицијата соопшти дека треба да се одгледуваат околу 1,1 милион растенија за таа количина марихуана.

Полицијата изврши серија рации на насади и фабрики за марихуана низ Шпанија, во операција наречена „Градини“.

Во таа акција минатиот месец беа уапсени 20 лица, а запленетата марихуана била наменета за продажба во Шпанија, Швајцарија, Холандија, Германија и Белгија, соопшти полицијата.