13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

„Вашингтон треба да ја сослуша Москва“: Песков посочува дека вреди да се седне на преговарачка маса

Одлуката на Соединетите Американски Држави да ја слушнат загриженоста на Русија во врска со прашањето за безбедноста може да биде платформа за разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џозеф Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Желбата на САД да ја слушнат нашата загриженост, односно да се вратат на условите декември-јануари и да го постават прашањето – тоа што го нудат Русите можеби нема да не задоволи, но можеби вреди да седнеме на преговарачка маса, која може да биде платформа за преговори. Мислам на нацрт-документите кои беа доставени до Брисел и Вашингтон – изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

На 17 декември руското Министерство за надворешни работи им претстави предлози на САД и НАТО за безбедносни гаранции, кои, особено, предвидуваат Алијансата да не се шири на територијата на Украина.

Документите се предадени на Вашингтон и неговите сојузници.

Спонзорирано: