14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и Мицкоски и Апасиев, можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија, вели Ковачевски

Прашан дали можеби наредната недела ќе го посети Клубот, премиерот Ковачевски одговори дека наредната недела ќе биде на конференција во Берлин и потсети дека ќе бара отворање на културно-информативен центар на Северна Македонија во Бугарија, такви какви што имаме во Софија, Тирана и Сараево.

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека не присуствувал на отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Благоевград, оти претходно била закажана владина седница за денеска посветена на справување со енергетската криза. Тој вели дека драго му е што македонските граѓани може слободно да одат и да се радуваат на културниот клуб во Бугарија, вклучително и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Не бев во Бугарија зашто денеска бев на седница на Влада и првиот пат кога ме прашаат новинарите кажав дека ќе бидам во Скопје, бидејќи знаев дека денеска ќе имаме седница во Влада токму заради справување со енергетската криза. Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев, можат слободно да одат и да се радуваат на отворање на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на Договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со Европската Унија и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа“,

кажа Ковачевски.none

Димитар Ковачевски – премиер на РСМ
Тој посочи дека единствено што бара е сите да покажуваат добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети во која било друга држава.

Прашан дали можеби наредната недела ќе го посети Клубот, премиерот одговори дека наредна недела ќе биде на конференција во Берлин и потсети дека ќе бара отворање на културно-информативен центар на Северна Македонија во Бугарија, такви какви што имаме во Софија, Тирана и Сараево.