16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Конфликт меѓу активистите и полицијата за изградба на резервоари за вода: Десетици општини останаа без вода, а властите воведоа рестрикции

Десетици луѓе се повредени на западот на Франција во судир меѓу активистите и полицијата за време на протестот против распоредувањето на големи резервоари со вода за земјоделска употреба.

Протестот беше организиран од групата „Базени, не благодарам“, чии активисти се противат на изградбата на „мегабазен“ за вода во селото Сен Саулин во департманот Ду Севр.

На протестот кој беше забранет, учествуваа повеќе од 7.000 луѓе, а дел од нив успеаја да влезат на градилиштето.

Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин изјави дека 61 полицаец се повредени, од кои 22 потешко.

– Овие бројки покажуваат дека тоа не беше мирна демонстрација, туку многу насилен собир – рече тој.

Демонстрантите тврдат дека околу 30 од нив биле повредени од проектили истрелани од полицијата.

Резервоарите за вода се дел од проектот што го започнаа француските земјоделци за значително намалување на потрошувачката на вода од мрежата во текот на летото.

Но, противниците овој проект го оценија како „крадење вода“ од „агроиндустријата“.

Тие тврдат дека ова може да ги лиши локалните заедници од пристап до вода, загриженост што доби особено значење откако Франција доживеа невидена суша ова лето.

Тогаш десетици општини останаа без вода за пиење, а властите воведоа рестрикции на потрошувачката.

Спонзорирано: