Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров за ситуацијата во Украина: Денешната ситуација е слична на кубанската ракетна криза

Сегашната ситуација во Украина е слична на онаа за време на кубанската ракетна криза, бидејќи станува збор за директни безбедносни закани на границата на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој го изјави ова во интервју за документарниот филм „Светот на работ. Лекции од кубанската ракетна криза“ објавена на веб-страницата на руското Министерство.

Запрашан да каже како кубанската ракетна криза од 1962 година и ситуацијата околу Украина се слични, Лавров рече дека „има сличности“.

– И во 1962 година се уште зборуваме за директни безбедносни закани на руската граница. Денес, заканите се многу поблиску од (американските) ракети Јупитер, кои беа поставени во Турција. Во тек е воена кампања за снабдување на Украина со секаков вид оружје – рече Лавров.

Тој смета дека новата генерација западни политичари се обидува да игра на темата нуклеарно оружје.

– Во Европа се појавија политички личности кои на неприфатлив начин си играат со прашањето за нуклеарното оружје – рече Лавров.

ТАСС наведува дека Лавров потсетил како пред неколку месеци поранешниот француски министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан ја советувал Русија да не заборави дека НАТО има и нуклеарно оружје.

– Тогаш командантот на германското воздухопловство Инго Герхарц одеднаш рече дека НАТО треба да се подготви за нуклеарна војна, за употреба на нуклеарно оружје, а на рускиот претседател му се обрати со прашање – Путин, дали ти е дозволено да се натпреваруваш со нас – рече Лавров.

Кубанската ракетна криза е еден од најкритичните моменти од Студената војна, а на конфликтот му претходеше распоредување на американски ракети со среден дострел во базата во близина на Измир во Турција и во базата околу Бари во Италија во 1961 година.

После тоа, во 1962 година, СССР постави нуклеарни ракети во Куба.