18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски рече дека „снабдувањето со електрична енергија на Украина се поправа по руските напади“

Снабдувањето со електрична енергија на Украина се подобрува по руските напади врз централите, но сè уште може да бидат потребни прекини на струја, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Денес, веќе има значително помалку стабилизација (мерки) и итни исклучувања… но ограничувањата сè уште се можни во некои градови и области, рече Зеленски за време на видео обраќањето и ја обвини Русија дека таргетирала објекти за време на поправките и дека некои техничари биле убиени во тие напади.

Тој претходно изјави дека една третина од електраните во земјата биле уништени во воздушните напади на руските сили.

„Планирани, а не итни ограничувања“
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко, претходно денеска изјави дека од следната недела, рестрикциите за електрична енергија во земјата повторно ќе бидат планирани, а не вонредни.

Ситуацијата во областа на снабдувањето со енергија во Украина останува извонредна, напиша Тимошенко на „Телеграм“ и изјави дека ќе биде потребно време за да се воспостави стабилно снабдување со електрична енергија, пренесува Интерфакс Украина.