14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Најмалку 13 загинати во поплавите на Филипините

Најмалку 13 лица загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот дел на Филипините, соопштија денеска локалните власти.

Филипините се во состојба на готовност поради тропската бура Налга, која се очекува да ја погоди земјата в сабота или в недела.

Метеоролозите соопштија дека обилните дождови се знак за претстојно невреме.

Околу 5.000 луѓе се евакуирани на северот на Филипините.

Спонзорирано: