10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја истрела две балистички ракети

Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел од нејзиниот источен брег, соопштија денеска јужнокорејските воени претставници.

Ракетите биле истрелани од областа Тонгчеон во провинцијата Гангвон, на источниот брег на Северна Кореја, четири дена откако Пјонгјанг и Сеул размениле предупредувачки истрели од западниот брег поради зголемените тензии.

– Нашата армија е во целосна готовност – се наведува во соопштението на армијата на Јужна Кореја, со изјава дека е интензивирана соработката со САД во областа на безбедноста.

Пјонгјанг претходно изјави дека неодамнешните ракетни лансирања се протест против заедничките вежби на САД и Јужна Кореја, за кои вели дека се проба за инвазија.

Сеул и Вашингтон ги негираа тврдењата на Северна Кореја, додавајќи дека вежбите се одбранбени и потребни за да се спротивстават на заканите од Северот.

Минатата недела јужнокорејските трупи почнаа заеднички воени вежби со американската војска со цел зголемување на способноста за одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Од почетокот на оваа година, Северна Кореја истрела повеќе од дваесет балистички ракети, вклучувајќи ја и онаа што ја прелета Јапонија.

Спонзорирано: